Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Димитриеска-Кочоска – Ангеловска-Бежоска: Координиран пристап во водењето на монетарната и фискалната политика фактор за макроекономска стабилност и економски раст

Средба Димитриеска-Кочоска – Ангеловска-Бежоска: Координиран пристап во водењето на монетарната и фискалната политика фактор за макроекономска стабилност и економски раст

3 јули 2024, Скопје – Меѓусебна соработка и координиран пристап во спроведувањето на фискалната и монетарната политика е клучот за обезбедување макроекономска и финансиска стабилност. Ова беше констатирано на денешната средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.

 

На средбата министерката потенцира дека Министерството за финансии ќе води фискална политика насочена кон враќање на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност преку постепена фискална консолидација и подобрување на управувањето со јавните финансии и одржување високо ниво на капитални расходи. „Поточно, фискална политика која ќе биде во функција на економскиот раст, во услови на умерено и одржливо ниво на дефицит и јавен долг“, истакна таа.

 

Очекува дека добрата координација на монетарната и фискалната политика заедно со одржувањето умерен буџетски дефицит и стабилност на девизниот курс ќе придонесат кон намалување на инфлацијата којашто се очекува во периодот 2025 – 2028 година да изнесува помеѓу 2% и 2,5% на годишно ниво.

 

Исто така, министерката нагласи дека Владата ќе ја почитува независноста на Народната банка и очекува дека таа преку навремени мерки и активности ќе одржува ниска инфлација, стабилност на девизниот курс и ќе се грижи за ефикасен и стабилен финансиски систем.

 

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ѝ го честиташе стапувањето на функција на министерката Димитриеска-Кочоска и ја истакна заложбата за координирање помеѓу монетарната и фискалната политика со цел задржување на макроекономската стабилност.

 

„Ефикасната соработка помеѓу монетарната и фискалната политика е од витално значење за надминување на економските предизвици на денешницата и за поттикнување одржлив раст. Во услови на глобална неизвесност, усогласувањето на овие политики е исклучително важно за стабилизирање на инфлацијата на трајна основа, за поддршка на инвестициите и на вработеноста. Со овој координиран пристап се зајакнува економската отпорност и на преден план се става стабилноста во окружувањето коешто постојано се менува“, посочи гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност