Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Собранието ги усвои измените на Законот за царинската тарифа: Се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД

Собранието ги усвои измените на Законот за царинската тарифа: Се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД

Собранието на РС Македонија денеска ги усвои измените на Законот за Царинската тарифа, со што се врши намалување на царинските стапки за 67 стоки, претежно суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија. 

Истовремено, се укинуваат царинските давачки за увоз на стоки со потекло од Соединетите Американски Држави.

Овие измени се дел од реализацијата на Програмата за работа на Владата 2024 – 2028 година, која предвидува постепена хармонизација на царинските стапки со оние што важат во Европската Унија, прилагодено на економските потреби на македонското стопанство.

Законот е подготвен во консултација со стопанските комори и претставува продолжување на политиките за поддршка на бизнис-заедницата. Главна цел е зголемување на конкурентноста, поттикнување на извозот и привлекување нови инвестиции, особено во преработувачката индустрија, металургијата, автомобилската индустрија и енергетиката.

Намалувањето на царинските стапки изнесува 50% од разликата помеѓу постојните стапки и оние што ги применува ЕУ, во согласност со правилата на Светската трговска организација.

Особено значајна е мерката за намалување на царинската стапка на литиум-јонските батерии за складирање електрична енергија, што ќе придонесе за развој на енергетскиот сектор, подобрување на стабилноста на електроенергетскиот систем и поддршка на инвестициите во обновливи извори.

Дополнително, целосната либерализација на увозот на стоки со потекло од САД има за цел да ја засили конкуренцијата на домашниот пазар и испраќа позитивна економска порака во меѓународната трговија, со што се поттикнува воспоставување реципроцитет и продлабочување на стратешкото партнерство помеѓу двете земји.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност