23 јуни 2025, Бечиќи - Силните институции се вистинскиот мотор на одржливите промени. Тие ја претвораат визијата во резултати, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето обраќање на Форумот во рамки на Годишниот состанок на Управниот одбор на ЦЕФ, кој се одржа во Бечиќи, Црна Гора.
Во своето обраќање, министерката нагласи дека институционалниот развој не е дополнување на реформите туку нивна основа. Таа истакна дека јавните институции мора да бидат стратешки ориентирани, да дејствуваат со интегритет и агилно да реагираат на предизвиците, особено во управувањето со јавните финансии.
„Нашата способност да спроведеме реформи не зависи само од стратегии и акциски планови туку и од капацитетот и отпорноста на институциите што ги спроведуваат тие промени“, посочи таа.
Затоа, како што потенцираше Димитриеска-Кочоска,
„Академијата не е само центар за обука туку и двигател за градење компетенции и трајна култура на учење“, нагласи министерката.
На Годишниот состанок, Димитриеска-Кочоска ја истакна и важноста на регионалниот дијалог и заедничкото учење, при што упати благодарност до меѓународните партнери за нивната поддршка преку техничка помош, советување и програми за градење капацитети.
Министерката упати и посебна благодарност до Управниот одбор на ЦЕФ за довербата и лидерството, по повод преземањето на претседателството со Управниот одбор од страна на Република Северна Македонија.