Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Димитриеска-Кочоска – Рокас – Пред нас е амбициозна Реформска агенда, посветено ќе работиме на нејзина имплементација

Средба Димитриеска-Кочоска – Рокас – Пред нас е амбициозна Реформска агенда, посветено ќе работиме на нејзина имплементација

17 декември 2024, Скопје – Националната Реформска агенда поврзана со Планот за раст на Западен Балкан на Европската комисија е дефинирана и ни претстои амбициозна реформска активност, за која ЕУ изрази силна поддршка. Ова беше истакнато на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со евроамбасадорот во нашата земја Микалис Рокас.

„Реформската агенда за нашата земја 2024 – 2027 година е одобрена и таа ги предвидува сите реформи што треба да ги спроведеме во овој период, а за кои финансиски ќе бидеме поддржани од ЕУ со 750,4 милиони евра. Во тек се постапките за склучување на предвидените договори, како и за повлекување на првата транша во износ од околу 50 милиони евра. Министерството за финансии е подготвено да ги имплементира предвидените реформи, кои воедно ќе значат унапредување на системот на управување со јавните финансии“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа му се заблагодари на шефот на Делегацијата на ЕУ, Рокас за поддршката што ја добива земјата од нивна страна и потенцира дека таа поддршка ќе има огромен придонес и во периодот на спроведување на оваа значајна Реформска агенда.

Исто така, на средбата стана збор за имплементација на проектите коишто се поддржани преку фондовите на ИПА, а притоа беше истакната определбата за зајакнување на капацитетите за поголема апсорпција на средства, како и можностите за промени во таа насока.

Министерката потенцира дека средствата од ЕУ преку овие фондови претставуваат значајна поддршка на проектите што ги спроведува Владата, а кои се планирани со усвоениот Буџет за 2025 година. Станува збор за проекти насочени кон подобрување на патната и железничката инфраструктура, воспоставување канализациски и водоводни системи, пречистителни станици, за управување со отпадот по европски стандарди, како и проекти во енергетскиот сектор и сл.

„Главна карактеристика на Буџетот за 2025 година е развојот и тој е основа на новиот концепт за развој на државата и постигнување повисоки стапки на економски раст“, рече министерката за финансии.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност