19 декември 2025, Скопје - Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари работен состанок со Џејсон Винички, заменик-директор за буџет и финансиска одговорност во Канцеларијата за техничка помош - ОТА на Министерството за финансии на САД.
На состанокот се разговараше за унапредување на буџетските процеси во рамки на Реформската агенда и имплементацијата на Законот за буџети, при што беше нагласено дека поддршката од Канцеларијата за техничка помош - ОТА при Трезорот на САД има клучна улога во повеќе сегменти на планирањето и извршувањето на Буџетот, како и во унапредувањето на буџетското сметководство.
Министерството за финансии, со поддршка од Трезорот на САД и Канцеларијата за техничка помош – OTA, континуирано работи на зајакнување на институционалните капацитети и изградба на модерен и силен систем на јавни финансии.
Во рамки на соработката, системот за буџетско планирање во рамки на Министерството за финансии, неговата структура, класификации и процеси, првично e развиен со техничка помош од САД и претставува цврста основа врз која денес се гради современо управување со јавните финансии.
Преку оваа техничка помош досега се подготвени нацрт-верзии на сите клучни буџетски класификации: економска, функционална, програмска, организациска и класификација според извори на финансирање