Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска Кочоска – Каменицки: Словачка ќе го сподели искуството со Македонија во спроведување на реформите

Димитриеска Кочоска – Каменицки: Словачка ќе го сподели искуството со Македонија во спроведување на реформите

7 мај 2026 година, Братислава- Словачка и Македонија имаат огромен потенцијал за унапредување на економската соработка. Словачка е силен поддржувач на македонската евроинтеграција, спроведување на рефомите коишто се во насока на остварување на овој процес и пренесување на своето искуство. Ова беше констатирано на тет-а-тет средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со својот колега и домаќин на средбата, министерот за финансии на Словачка Ладислав Каменицки.

На средбата беше истакнато дека Република Словачка е заинтересирана за трансфер на know-how во Mакедонија, во областите за кои смета дека е најподготвена, а кои се од големо значење на нашата земја во исполнувањето на неопходните ЕУ критериуми.
При тоа на средбата  беше нагласено дека Словачка е подготвена за пренос на знаење во областа на јавните финансии, 
борбата против даночното затајување,како и во областа на јавните инвестиции.

Дополнително, беше потенцирана и силната поддршка која ја дава за имплементацијата на Националната развојна стратегија, како клучен документ што ги насочува идните развојни политики.

Министерката потенцираше дека Владата и Министерството за финансии остануваат фокусирани на одржување на макроекономската стабилност и стабилност во јавните финансии, спроведување постепена фискална консолидација, како и остварувување на повисоки стапки на економски раст, поттикнати и преку реализација на јавни инвестиции.

Станува збор, како што наведе министерката, за реформи и чекори коишто се приоритет во владините програми,  но и во мерките и политиките коишто се разговараа и на вчерашните состаноци во Брисел.

Соговорниците констатираа дека економската соработка меѓу двете земји треба да се унапреди и дека во таа насока е неопходно продлабочување на бизнис поврзувањето, размена на информации и реализација на заеднички проекти.

Министерката Димитриеска-Кочоска на покана на министерот Каменици престојува денеска и утре во Република Словачка. Во рамки на посетата одвоени средби ќе остварат делегациите на двете земји, како и државните секретари од министерствата за финансии.
Заедничка прес-конференција ќе одржат министрите Димитриеска-Кочоска и Каменицки.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност