Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година – Ќе се достави до Собранието на усвојување

Министерство за финансии Министерство за финансии

3 ноември 2026, Скопје – Владата денеска на седница го усвои Дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година во кој се вградени одредени реалокации. Дополнетиот предлог се усвојува по завршување на расправата во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет и повторно ќе се достави во Собранието за усвојување на пленарна седница.  

Со Дополнетиот ребаланс се направени реалокации помеѓу буџетските корисници со цел усогласување на реализацијата со планираните износи до крајот на годината и реализација на приоритетни исплати.  

Со предложените измени, вкупните приходи се проектирани на 374,2 милијарди денари, што е за околу 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции. Вкупните расходи се намалуваат за истиот износ и се планирани на 420,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит останува на ниво од 46,3 милијарди денари, односно 3,9% од БДП.

Проекцијата за економскиот раст со предложениот Ребаланс за 2026 година изнесува 4,3%.

Предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година се со цел усогласување со новите економски услови, остварувањата во текот на годината и реалната динамика на реализација на расходите.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност