Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јанкуловски на Првиот форум за енергетска дипломатија - Зеленото финансирање двигател на економскиот раст и енергетската транзиција

Јанкуловски на Првиот форум за енергетска дипломатија - Зеленото финансирање  двигател на економскиот раст и енергетската транзиција

25 ноември 2026, Скопје – Заменик-министерот за финансии Никоче Јанкуловски на покана на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска,  учествуваше на Првиот форум за енергетска дипломатија, што се одржа во Скопје.

Во рамките на панел-дискусијата посветена на Зелениот финансиски механизам (Green Finance Facility), заедно со претставници на УНДП, ЕБОР и Шпаркасе банка, беа разгледани можностите за мобилизирање приватен капитал, унапредување на јавно-приватните партнерства и обезбедување поволни извори за финансирање зелени инвестиции.

Јанкуловски ја истакна улогата на Министерството за финансии во создавањето поволни финансиски услови за инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, преку поволни кредитни линии, финансиски инструменти и соработка со меѓународните финансиски институции.

Во услови на фискална консолидација, особено е значајно преку расположливите јавни средства да се мобилизира дополнителен приватен капитал, да се намалат инвестициските ризици и да се поттикне конкурентноста на домашното стопанство.

Зелената транзиција не е само еколошко прашање, туку и економски, финансиски и развоен приоритет, кој придонесува за намалување на производствените трошоци, поголема енергетска независност и одржлив економски раст.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност