24 ноември 2026, Скопје - Академијата за јавни финансии при Министерството за финансии реализираше обука на тема „Финансиско управување и контрола – практична имплементација“, наменета за вработени и раководни лица во јавните субјекти.
Целта на обуката беше зајакнување на знаењата и практичните вештини за воспоставување, спроведување и унапредување на системот за финансиско управување и контрола. Обуката ја спроведе Бесар Дехари, помошник раководител на сектор за централна хармонизација на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор.
Посебен акцент беше ставен на законската и институционалната рамка, компонентите и принципите на COSO рамката, управувањето со ризици, контролните механизми и нивната практична примена во секојдневното работење на јавните субјекти.
Преку интерактивен пристап, практични примери и размена на искуства, обуката беше насочена кон унапредување на отчетноста, транспарентноста и одговорноста, како и обезбедување законито, економично, ефикасно и ефективно управување со јавните средства.