Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МФ и Групацијата на небанкарски финансиски друштва почнува со редовна комуникација за состојбите на пазарот, одржан првиот квартален состанок

МФ и Групацијата на небанкарски финансиски друштва почнува со редовна комуникација за состојбите на пазарот, одржан првиот квартален состанок

7 октомври 2025, Скопје Министерството за финансии и претседателството на Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија одржаа работен состанок, кој го водеше државниот секретар во Министерството, Андриана Матлиоска и притоа ги разгледаа актуелните состојби на финансискиот пазар во делот на финансиските друштва.

На состанокот, врз основа на направени анализи, е констатирано  успорување на растот на кредитната активност на финансиските друштва по донесувањето на последните измени на Законот за финансиски друштва од јули 2023 година и Правилникот за кредитен ризик од април 2024 година. Така, податоците покажуваат дека во првото полугодие од 2025 година  финансиските друштва учествуваат во вкупното кредитирање во земјата со 2,3%, а притоа активностите на Министерството за финансии и засилениот надзор над работењето на финансиските друштва доведоа до консолидација на секторот и намалување на бројот на финансиски друштва од 35 на 26.

На состанокот беше поздравено формирањето на Одделението за следење и надзор над работата на небанкарските институции во рамки на Секторот за финансиски систем во Министерството за финансии, преку кое се зајакнува вонтеренскиот и теренскиот надзор на финансиските друштва и имплементацијата на законската рамка и подзаконските акти донесени од страна на Министерството за финансии во својство на регулатор.

Како што беше истакнато на состанокот, примарна цел на Министерството за финансии и на Групацијата на небанкарски финансиски друштва е заштита на потрошувачите. 

Во таа насока, државниот секретар Матлиоска истакна  дека Министерството за финансии, како регулатор во оваа област, постојано работи на зајакнување на регулативата со цел обезбедување висока заштита на правата на потрошувачите кои користат финансиски услуги од финансиски друштва. Притоа, таа додаде дека преку подобрувања на регулативата финансиските друштва се обврзани да воспостават систем за управување со кредитен ризик, што значи дека се обврзани одговорно да ја проценуваат кредитната способност на клиентот пред да одобрат кредит.

Во таа насока, претседателството на Групацијата информираше и за спроведувањето на Етичкиот кодекс кој беше донесен во јуни 2025 година, а кој има за цел да се унапреди работењето на финансиските друштва и да се подобри корисничкото искуство на нивните клиенти, да се поттикне поголема социјална одговорност на финансиските друштва и да се унапреди релацијата на финансиските друштва со потрошувачите, односно корисниците на нивните услуги.

Меѓу другото, на состанокот беше истакната заложбата за поголема транспарентност на податоците и информациите за работата на финансиските друштва во јавноста. Во контекст на ова, а согласно последните измени, покрај регуларните извештаи и обврските за известување,  финансиските друштва сега имаат обврска транспарентно и јавно да го објават својот тарифник со надоместоците на своите веб-страници, како и на видно место во своите работни простории. Тоа на потрошувачите им овозможува целосен увид во сите трошоци пред склучување на договорите.

Заеднички беше заклучено дека сите досега преземени мерки ја потврдуваат посветеноста кон финансиска стабилност на пазарот и заштита на потрошувачите.

 

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност