Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јанкуловски на меѓународна конференција на Економскиот факултет во Скопје: Партнерство со академската заедница – знаење и истражувања во служба на граѓаните и економијата

Јанкуловски на меѓународна конференција на Економскиот факултет во Скопје: Партнерство со академската заедница – знаење и истражувања во служба на граѓаните и економијата

октомври 2025, Скопје – Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски учествуваше на меѓународната конференција на Економскиот факултет при УКИМ – Скопје посветена на применетите економски истражувања и нивната улога во креирањето национални стратегии и политики.

Обраќајќи се на панел-дискусијата на тема „Применето истражување како алатка за формулирање оптимални економски политики и стратегии за одржлив национален развој“ истакна дека Конференцијата е потврда на фактот дека соработката помеѓу академската заедница и институциите е клучот за справување со предизвиците во турбулентни времиња.

 

Соочени со комплексните општествени и економски предизвици, креирањето политики бара суштински пристап којшто се базира на научни докази и апликативни истражувања. Значењето на апликативните истражувања и анализи, како и потребата од нивно понатамошно унапредување е јасно препознаено од страна на Министерството за финансии, па во таа насока имаме плодна соработка со меѓународните финансиски институции, кои обезбедуваат експертиза со цел јакнење на аналитичкиот и истражувачкиот капацитет на Министерството за финансии“, рече заменик-министерот.

Истакнувајќи ја важноста на соработката со академската заедница, Јанкуловски посочи дека универзитетите создаваат знаење кое мора да го вклучиме во практиката. „Градењето партнерства со академската и со меѓународната заедница е неопходно – само преку факти и истражувања можеме да носиме политики коишто се корисни и за граѓаните и за економијата“, порача заменик-министерот за финансии.

 На панел-дискусијата на Економскиот факултет учествуваа и министерот за локална самоуправа Златко Перински, главниот државен ревизор Максим Ацески, академик проф. д-р Абдулменаф Беџети, проф. д-р Вил Барлет и проф. д-р Ирац Хаши.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност