Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Обука на тема „Евидентирање на јавни приходи”

Обука на тема „Евидентирање на јавни приходи”

15 мај 2026, Скопје - Академијата за јавни финансии, во соработка со Секторот за трезор при Министерството за финансии, на 15 мај 2026 година реализираше еднодневна обука на тема „Евидентирање на јавни приходи“, наменета за унапредување на знаењата и практичните вештини на учесниците во областа на трезорското работење и управувањето со јавните приходи.

Обуката ја одржаа Елена Кузманова и Ивана Кочоска од Секторот за трезор, кои преку практичен и интерактивен пристап ги презентираа клучните аспекти поврзани со евидентирањето, распоредувањето, повратот и пренасочувањето на јавните приходи, како и функционирањето на системот на уплатни сметки и web-порталот „е-обврски“.

Во рамки на обуката беше даден краток осврт на работата и надлежностите на Секторот за трезор, кој претставува носител на платниот промет за државата преку системот на Единствена трезорска сметка. Посебен акцент беше ставен на процесите за отворање и управување со уплатни сметки, правилната примена на Упатството за евидентирање, распоредување, поврат и пренасочување на јавните приходи, како и постапките за поврат и пренасочување на погрешно уплатени средства.

Учесниците имаа можност преку практични примери, дискусии и размена на искуства да се запознаат со конкретни ситуации од секојдневното работење, како и со постапките за регистрација и користење на web-порталот „е-обврски“. Дополнително беа презентирани елементите на уплатните сметки, законската рамка и значењето на правилната распределба на јавните приходи согласно важечките прописи.

Реализацијата на оваа обука претставува дел од континуираните активности на Академијата за јавни финансии насочени кон јакнење на институционалните капацитети, унапредување на професионалните компетенции на јавната администрација и обезбедување ефикасно и законито управување со јавните финансии.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност