17 јуни 2026 година, Скопје- Академија за јавни финансии на 16 јуни 2026 година реализираше обука на тема „Управување со ризици“. Обуката беше предвидена во Годишната програма за обука за 2026 година и беше наменета за вработени од јавниот сектор, вклучувајќи координатори за стратешки и оперативни ризици, раководители на организациони единици и внатрешни ревизори. Целта на обуката беше учесниците детално да ги разберат методолошките аспекти на процесот на управување со ризици и да се оспособат за ефикасно спроведување на сите чекори од Методологијата за управување со ризици кај јавните субјекти.
Обуката ја спроведе помошник раководителот на Сектор за централна хармонизација на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, Бесар Дехари искусен експерт, користејќи интерактивен пристап, презентации, групни дискусии и студии на случај
Обуката придонесе за унапредување на теоретските знаења и практичните вештини на учесниците, зајакнување на свесноста за важноста на процесот на управување со ризици и подобрување на капацитетите на јавниот сектор за навремено и ефикасно справување со ризиците.
Министерството за финансии преку Секторот – Академија за јавни финансии останува посветено на континуирана едукација и развој на вработените во јавниот сектор, со цел подобрување на квалитетот на управување со јавните финансии и процесите во институциите