На 18.06.2026 година, Секторот – Академија за јавни финансии по четврти пат за оваа година ја реализираше обуката на тема „Управување со ризици“. Обуката беше предвидена во Годишната програма за обука за 2026 година, со тоа што овој пат беше наменета за вработени од акционерските друштва во државна сопственост и јавните претпријатија. Целта на обуката беше учесниците детално да ги разберат методолошките аспекти на процесот на управување со ризици и да се оспособат за ефикасно спроведување на сите чекори од Методологијата за управување со ризици кај јавните субјекти.
Обуката ја спроведе помошник раководителот на Секторот за централна хармонизација на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, Бесар Дехари, искусен експерт во областа, користејќи интерактивен пристап, презентации, групни дискусии и студии на случај.
Обуката придонесе за унапредување на теоретските знаења и практичните вештини на учесниците, зајакнување на свесноста за важноста на процесот на управување со ризици и подобрување на капацитетите на акционерските друштва во државна сопственост и јавните претпријатија за навремено и ефикасно справување со ризиците.
Министерството за финансии преку Секторот – Академија за јавни финансии останува посветено на континуирана едукација и развој на човечките ресурси во јавниот сектор, со цел подобрување на квалитетот на управувањето со јавните финансии и унапредување на институционалните процеси