15 септември 2026, Скопје - „Извршување на буџетот“, беше тема на обуката организирана од Секторот – Академија за јавни финансии, којашто се одржа на денеска во Министерството за финансии.
Обуката беше наменета за вработени во јавниот сектор кои во рамките на своите работни задачи се вклучени во процесите поврзани со планирањето, управувањето и извршувањето на буџетските средства. Во рамките на обуката беа обработени прашања поврзани со процесот на извршување на буџетот, постапките и правилата што се применуваат при реализацијата на буџетските средства, како и улогата и одговорностите на учесниците во процесот.
Посебно внимание беше посветено на практичната примена на правилата и процедурите при извршувањето на буџетот, со цел учесниците да ги унапредат своите знаења и вештини за правилно и ефикасно спроведување на буџетските процеси.
Обуката е дел од активностите на Секторот – Академија за јавни финансии насочени кон континуирано унапредување на знаењата и професионалните компетенции на вработените во јавниот сектор во областа на јавните финансии.