8 октомври 2026, Скопје - Во Министерството за финансии, денеска се одржа обука на тема „Електронски систем за пријавување и евиденција на обврски – ЕСПЕО“, наменета за претставници од институции од јавниот сектор.
Обуката е дел од активностите насочени кон континуирано унапредување на знаењата и практичните вештини на вработените во јавниот сектор за примена на електронските алатки во процесите на управување со јавните финансии.
Во текот на обуката, учесниците се запознаа со начинот на функционирање и практичната примена на ЕСПЕО, со посебен акцент на постапките за пријавување и евиденција на обврските. Преку практични примери и насоки, учесниците имаа можност да стекнат и унапредат знаења за правилно користење на системот и постапување во рамки на своите работни надлежности.
Примената на ЕСПЕО претставува значаен инструмент за унапредување на процесите поврзани со евидентирањето и следењето на обврските на институциите од јавниот сектор. Навременото и точно внесување на податоците придонесува кон подобар преглед на обврските и поквалитетни информации за потребите на управувањето со јавните финансии.
Министерството за финансии, преку континуираното спроведување на обуки и јакнење на професионалните капацитети на јавниот сектор, придонесува кон унапредување на финансиското управување, поголема ефикасност во работењето на институциите и натамошна дигитализација на процесите во јавните финансии.
Обуката ја реализираше Академијата за јавни финансии при Министерството за финансии, во рамки на активностите за професионален развој и континуирана едукација на вработените во јавниот сектор.