21 мај 2026, Скопје - Во организација на Секторот Академија за јавни финансии при Министерството за финансии, на 20 и 21 мај 2026 година беа реализирани обуки на тема „Управување со ризици“, со цел јакнење на капацитетите на вработените во Министерството за финансии во областа на управувањето со ризици.
На 20 мај 2026 година се одржа обука со физичко присуство наменета за координаторите на работните групи за управување со ризици. Во рамки на обуката беа обработени повеќе значајни теми поврзани со процесот на управување со ризици, практичната примена и улогата на координаторите во процесот на идентификација и следење на ризиците.
На 21 мај 2026 година беше реализирана и онлајн обука на истата тема, наменета за сите вработени во Министерството за финансии, со цел подигнување на свеста и унапредување на знаењата за значењето на управувањето со ризици во секојдневното работење.
Обуките ги водеше д-р Мите Митевски, кој преку практични примери и интерактивна дискусија ги доближи клучните аспекти на современото управување со ризици.
Министерството за финансии и понатаму ќе продолжи со организирање на стручни обуки и активности насочени кон професионален развој на вработените и унапредување на институционалните капацитети.