Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одржана обука за исполнување на договорните обврски кон меѓународните финансиски институции и билатералните кредитори

Одржана обука за исполнување на договорните обврски кон меѓународните финансиски институции и билатералните кредитори

27 октомври 2026 година, Скопје – На 27 октомври 2026 година во Министерството за финансии, се одржа обука на тема „Исполнување на услови за ефективност на склучените договори со странски заемодавачи, повлекување на средства и постапување по други одредби од склучените договори со меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори“, во организација на Секторот – Академија за јавни финансии.
Обуката ја спроведе Ленче Божиноска од Секторот за меѓународни финансиски односи, која ги презентираше клучните аспекти на исполнувањето на договорните обврски, условите за ефективност на склучените договори и постапките за повлекување на средствата од заеми и грантови.
Целта на обуката беше унапредување на знаењата и практичните капацитети на учесниците за правилно и навремено исполнување на условите и обврските што произлегуваат од договорите со меѓународните финансиски институции и билатералните кредитори.
Во рамки на обуката беа обработени прашања поврзани со воспоставувањето на структурата за финансирање и спроведување на проектите, примената на законските одредби за задолжување и издавање државни гаранции, како и надлежностите на институциите вклучени во реализацијата на проектите финансирани од странски заемодавачи.


Посебен акцент беше ставен на исполнувањето на условите за стапување во сила и ефективност на склучените договори, условите за достапност на средствата и траншите од заеми и грантови, како и постапките за повлекување на средствата и исполнувањето на другите договорни обврски.
Во завршниот дел од обуката, учесниците имаа можност да разменат искуства и да дискутираат за придобивките, последиците и предизвиците во спроведувањето на договорните одредби, како и за можните решенија за поефикасно постапување во практиката.
Преку организирање на вакви обуки, Секторот – Академија за јавни финансии придонесува кон континуирано унапредување на стручните знаења и јакнење на институционалните капацитети за ефикасно управување со јавните финансии, доследно исполнување на договорните обврски и подобра координација меѓу институциите вклучени во реализацијата на проектите финансирани од меѓународните финансиски институции и билатералните кредитори.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност