Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одржана обука за системот за заштита на финансиските интереси на ЕУ во Македонија

Одржана обука за системот за заштита на финансиските интереси на ЕУ во Македонија

3 ноември 2026 година, Скопје- На 3 ноември 2026 година, Академијата за јавни финансии при Министерството за финансии одржа обука на тема „Вовед во системот за заштита на финансиските интереси на ЕУ во Република Северна Македонија“.

Обуката беше наменета за вработените во државните институции вклучени во ИПА-структурите, членовите на АФКОС-мрежата, како и претставниците на институциите надлежни и вклучени во системот за заштита на финансиските интереси на Европската Унија во Република Северна Македонија. Обуката ја реализираше експерт вработен во Министерството за финансии.

Преку обуката учесниците имаа можност да се запознаат со основите на системот за заштита на финансиските интереси на Европската Унија, неговата институционална поставеност, надлежностите и одговорностите на вклучените институции, како и механизмите за спречување, откривање и постапување во случаи на неправилности и измами при користењето на средствата од ЕУ.

Заштитата на финансиските интереси на Европската Унија е значаен предуслов за обезбедување законито, транспарентно и одговорно користење на европските средства. Во таа насока, јакнењето на стручните капацитети и унапредувањето на соработката и координацијата меѓу надлежните институции имаат особено значење за ефикасно функционирање на националниот систем за заштита на финансиските интереси на ЕУ.

Со организирањето на ваквите обуки, Академијата за јавни финансии продолжува да ја реализира својата улога во унапредувањето на знаењата и компетенциите на вработените во јавниот сектор и јакнењето на институционалните капацитети во областа на управувањето со јавните финансии.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност