13 мај 2026, Скопје - Секторот Академија за јавни финансии при Министерството за финансии успешно реализираше дводневна работилница посветена на контролите како дел од системот за финансиско управување и контрола (FMC/PIFC), со посебен фокус на ex post контролите и практичната примена на контролни механизми.
Овие активности беа организирани во соработка помеѓу Министерството за финансии и ИПА проектот „Поддршка за имплементација на Програмата за реформа на јавните финансии 2024–2027“, со цел обезбедување стратешка и практична поддршка за понатамошно унапредување на системот на добро финансиско управување и контрола.
Работилницата беше наменета за претставници од институции од централно и локално ниво, а учесниците имаа можност преку дискусии и размена на искуства да ги продлабочат своите знаења во областа на финансиското управување и контролата.
На работилницата свои презентации и практични искуства споделија експертите Rodney Betorina и Davor Kozina, кои имаат многу годишно искуство во областа.
Во рамки на истата беа обработени теми поврзани со видовите контроли, организацијата и спроведувањето на ex post контролите, улогата на финансиските и другите организациски единици во процесот на контрола, како и практични примери и искуства од Хрватска и Холандија.
Работилницата придонесе за зајакнување на капацитетите на институциите во насока на поефикасно спроведување на контролни механизми и унапредување на системот на јавни финансии.