Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Работилница на тема „Ревизија на успешност”

Работилница на тема „Ревизија на успешност”
11 мај 2026, Скопје - Во рамките на континуираните активности за зајакнување на системот на јавни финансии и унапредување на професионалните капацитети на внатрешната ревизија во јавниот сектор, во просториите на Министерството за финансии, успешно беа реализирани работилници на тема „Ревизија на успешност“.
 
Работилниците беа организирани во соработка помеѓу Министерството за финансии и ИПА проектот „Поддршка за имплементација на Програмата за реформа на јавните финансии 2024–2027“, со цел обезбедување стратешка и практична поддршка за понатамошно унапредување на внатрешната ревизија како значајна функција во системот на добро финансиско управување и контрола.
 
Обуките беа насочени кон примена на современи методолошки пристапи и практични алатки за спроведување на ревизија на успешност, со посебен акцент на квалитативни ревизорски методи, интервјуа, набљудување, процесна анализа, анализа на квалитативни податоци и текстуална анализа.
Учесниците имаа можност да се запознаат со различни видови интервјуа и техники за нивна примена во ревизорската работа, како и со методи за систематско набљудување и анализа на институционалните процеси. Дополнително, беа презентирани пристапи за обработка и анализа на податоци, идентификација и документирање на факти, како и практични дигитални алатки кои придонесуваат за поефикасно и поквалитетно спроведување на ревизорските активности.
 
Посебен акцент беше ставен на размената на практични искуства, добри практики и предизвици со кои се соочуваат институциите при спроведување на ревизија на успешност, со цел унапредување на квалитетот, транспарентноста и ефективноста на ревизорските процеси во јавниот сектор.
 
Особен придонес кон квалитетот на работилниците даде експертот Markus Erlmoser, кој преку своето долгогодишно професионално искуство и експертиза обезбеди висок стручен и академски пристап кон темите обработени во рамки на обуката.
 
Работилниците беа реализирани во соработка со Секторот Академија за јавни финансии и Секторот за централна хармонизација на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор при Министерството за финансии.
Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност