Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Академијата за јавни финансии организираше обука на тема: „Регистар на буџетски корисници и управување со финансиски планови“

Академијата за јавни финансии организираше обука на тема: „Регистар на буџетски корисници и управување со финансиски планови“

5 мај 2026, Скопје - Во насока на зајакнување на институционалните капацитети и унапредување на управувањето со јавните финансии, денеска  во просториите на Министерство за финансии беше реализирана еднодневна обука на тема „Регистар на буџетски корисници и управување со финансиски планови“.

Обуката беше наменета за претставници од образовните институции од локално ниво кои активно работат на тематиката.

Целта на обуката беше да ги запознаат учесниците со Регистарот на буџетски корисници и управување со финансиските планови. Обуката им овозможи на учесниците без претходно искуство да стекнат основни знаења за процесите на отворање и затворање на сметки на буџетски корисници, промена на картони на депонирани потписи поради статусни промени, промена на назив, промена на раководно лице, промена на дополнителни потписници и промена на печат, како и управувањето со финансиските планови. Со тоа се поставува цврста основа за нивен понатамошен професионален развој во областа на трезорското работење.

Обуката ја реализираше Атанас Анчевски од Секторот за трезор кој преку своето стручно искуство и интерактивен пристап овозможи квалитетен пренос на знаења и практични вештини.

Преку комбинација на предавања, групна работа и интерактивни дискусии, им овозможи на учесниците да ја разберат суштината и самостојно, навремено и точно да доставуваат целосна, комплетна и исправна документација, како и правилно следење на финансиските планови.

По завршувањето на обуката учесниците стекнаа практични вештини за подготовка на целосна и исправна документација во согласност со Упатството за начинот на трезорско работење, особено во делот на отворање и затворање на сметки. Воедно, учесниците развија разбирање за целта и структурата на финансиските планови, како и за нивното правилно поднесување и тековно следење. Овие знаења и вештини ќе им овозможат во иднина самостојно, навремено и точно да подготвуваат и доставуваат комплетна и исправна документација, како и ефикасно да го следат процесот на финансиско планирање.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност