Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

РС Македонија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата

РС Македонија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата

10 ноември 2025 година- РС Македонија преку структурите и органите за управување  на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата.

Ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја пзодравија одлуката на Националните структури.

Целта е да се обезбеди уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата од ИПАРД, како и постоење на ефективни мерки за заштита од измами и коркоупција.

Во моментот Националните структури за управување на средства од ИПА/ИПАРД инструментот веќе превземаат  дополнителни мерки и активности поврзани со актуелните случувања.

РС Македонија од Европската комисија уште од 2009 година го има добиено од правото за децентрализирано управување со средствата од ИПА/ИПАРД инструментот.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност