Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Матлиоска-Габриел: ЕИБ со поддршка на развојни проекти за домашната економија

Средба Матлиоска-Габриел: ЕИБ со поддршка на развојни проекти за домашната економија

26 август Скопје- Државниот секретар во Министерството за финансии, Андриана Матлиоска, оствари средба со претставникот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Бјорн Габриел. Разговорите беа насочени кон унапредување на соработката со ЕИБ, особено во делот на обезбедување поволни финансиски инструменти за поддршка на домашните компании и зајакнување на нивната конкурентност на пазарот.

Во рамките на средбата беше истакната и важноста на финансирањето на значајни инфраструктурни проекти, кои претставуваат основа за понатамошен економски развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Министерството за финансии и ЕИБ остануваат посветени на заедничка реализација на проекти кои ќе придонесат за нови инвестиции, отворање работни места и одржлив раст на економијата.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност