11 септември 2025, Загреб - Државниот секретар во Министерството за финансии, Андриана Матлиоска ја предводеше делегацијата од Македонија во работна посета на Министерството за финансии на Република Хрватска.
Во рамки на посетата беше презентиран хрватскиот модел за издавање државни хартии од вредност наменети за населението – проект кој веќе две години успешно се спроведува во Хрватска и предизвикува голем интерес кај граѓаните.
Покрај државниот секретар Матлиоска, членови на делегацијата беа и претставници од Секторот за управување со јавен долг, како и директорот на Македонската берза Иван Штериев, директорката на Централниот депозитар за хартии од вредност Даринка Дамјановиќ идиректорот на Дирекцијата за операции на финансиските пазари при Народната банка Зоран Пановски.
Посетата претставуваше можност за размена на искуства и зајакнување на соработката помеѓу двете земји во областа на финансиската политика и пазарот на капитал.