Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст денес го носи приватниот сектор, по години пад имаме позитивни трендови во градежништвото и земјоделството

Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст денес го носи приватниот сектор, по години пад имаме позитивни трендови во градежништвото и земјоделството

24 септември 2025 година, Скопје Економските показатели во одредени сектори конечно покажуваат позитивни резултати. Ме радува тоа што после долго време податоците за бруто-домашниот производ (БДП) покажуваат дека приватниот сектор е главниот двигател на економскиот раст во нашата земја, со особено значајно учество на градежништвото и земјоделството. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето гостување во емисијата „Бизнис 21 на ТВ21, притоа нагласувајќи дека растот денес не зависи од јавната потрошувачка, туку од активностите и инвестициите на приватните компании.

 „Она што посебно ме радува и охрабрува е фактот дека приватниот сектор создава нови можности, инвестира во развој и ја стимулира продуктивноста на економијата. Градежништвото бележи забележителен раст, кој директно влијае врз инфраструктурниот развој, а земјоделството, после долги години негативни резултати, во последните два квартала покажува позитивна динамика. Ова е јасен показател дека сме на вистинскиот пат и дека остваруваме резултати согласно она што како влада сме го планирале“, кажа министерката.

 Таа додаде дека, и покрај предизвиците во јавниот сектор и пазарните ограничувања, приватните компании продолжуваат да ја стимулираат економијата, притоа придонесувајќи за стабилноста и одржливоста на бруто-домашниот производ. „Особено ме радува што растот сега го генерира приватниот сектор, којшто е моторот на економијата, а не јавната потрошувачка, како што беше случај во минатото“, нагласи Димитриеска-Кочоска.

 Министерката истакна дека Владата останува посветена на создавање услови за понатамошен развој на приватниот сектор. 

Ќе продолжиме да креираме поволно деловно окружување, да вложуваме во инвестиции, иновации и нови работни места и да ја одржуваме фискалната дисциплина. Приватниот сектор, особено градежништвото и земјоделството покажуваат дека се основниот двигател на економскиот раст и ние ќе продолжиме да ги поддржуваме со конкретни мерки и стратегии“, нагласи таа.

 „Очекуваме дека оваа позитивна динамика ќе продолжи и во следните квартали, а Владата ќе остане фокусирана на зацврстување на економските основи, поддршка на бизнисите и создавање поволна клима за инвестирање“, заклучи министерката за финансии и додаде дека овие податоци за приватниот сектор се одраз и на поддршката што ја добија компаниите од унгарскиот кредит којшто се реализира преку Развојната банка.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност