Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска на Регионалниот спортски самит – Вложувањето во спортот е инвестиција во здрава нација и поддршка на економијата

Димитриеска-Кочоска на Регионалниот спортски самит – Вложувањето во спортот е инвестиција во здрава нација и поддршка на економијата

10 септември 2025, Скопје - Спортот е еден од главните приоритети на Владата и Министерството за финансии и токму затоа поддршката во оваа област е во фокусот на работењето на оваа Влада.

„Вложувањето во спортот создава здрава нација, а спортот е единствениот начин да се постигне тоа. Ако сакаме да имаме економија, треба да имаме здрава нација - дисциплинирана, посветена и победнички насочена“, рече министерката Димитриеска-Кочоска која денеска зема учество на Регионалниот спортски самит Скопје 2025“, кој се одржа под мотото „Спортот како симбол на национален идентитет и патека за иднината“, а се обрати на третата панел-дискусија на темата
Иднината на спортот: Национална стратегија, инвестиции и иновации“.

Според министерката, важно е секое дете да има пристап до спорт и токму затоа многу се вложува во училишниот спорт.

„Како Влада даваме голема поддршка на спортот. Знаеме во каква кондиција е Буџетот, но и покрај сите потешкотии што ги имаме буџетот за спортот за 2025 година е двојно зголемен во споредба со 2023 година. Имено, во 2019 година се издвојувале 300 милиони денари, во 2023 година 550 милиони денари, а годинава се издвоени 1,2 милијарди денари“, рече министерката.

Таа потсети на законските одредби преку кои може да се поддржи спортот од страна на економските субјекти и најави дека во наредниот период ќе се отворат повеќе закони кои ќе се разгледуваат од повеќе аспекти, вклучително и од аспект на поддршка на спортот.

Наведе дека во моментов во собраниска процедура е Законот за игри на среќа преку кој приредувачите на игри на среќа уплаќаат дел од средствата во Министерството за спорт. Посочувајќи дека по овој основ се слеваат 200 милиони денари, таа нагласи дека очекува во наредниот период тој износ да расте.

Министерката говореше на панел-дискусијата посветена на спонзорствата во спортот, поточно како да се изградат профитабилни партнерства.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност