Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на Димитриеска-Кочоска со ЕБОР – Заедно работиме на стратешки проекти за подобри услови и одржлив економски развој

Средба на Димитриеска-Кочоска со ЕБОР – Заедно работиме на стратешки проекти за подобри услови и одржлив економски развој

11 септември 2025, Скопје – Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е најактивна меѓународна финансиска институција во земјава со која заеднички работиме на имплементација на проекти коишто се во интерес на граѓаните и зајакнување на конкурентноста на државата. Ова беше истакнато на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со потпретседателот на Европската банка за обнова и развој, Матео Патроне, директорот на ЕБОР за Западен Балкан, Матео Колангели, директорот во Бордот на ЕБОР, Рене ван Хел и претставникот на ЕБОР во РС Македонија, Фатих Туркменоглу.

 

На состанокот беше разговарано за тековните проекти што се реализираат со поддршка на ЕБОР, како и за можностите за натамошна соработка во насока на финансирање капитални проекти во инфраструктурата, енергетиката, транспортот и животната средина.

Министерката се заблагодари за поддршката што ја обезбедува оваа меѓународна финансиска институција за нашата земја и потенцираше дека оваа континуирана соработка придонесува за унапредување на инфраструктурата и севкупниот развој на земјата. „ЕБОР е еден од најголемите партнери во земјава при реализација на стратешките инфраструктурни проекти. Преку реализација на различни проекти со финансиска поддршка од ЕБОР во областите енергетика, транспорт, комунална инфраструктура и енергетска ефикасност создаваме подобар квалитет за живот на граѓаните и одржлив еконмски развој“, наведе министерката Димитриеска-Кочоска и додаде дека ова партнерство е клучно за реализирање важни инвестиции и модернизација на јавните услуги, со посебен акцент на зелени и иновативни решенија што ја поддржуваат транзицијата кон одржлива иднина.

Таа ја истакна и важноста на поддршката што ЕБОР ја обезбедува преку инвестиции и грантови, особено во рамки на Инвестициската рамка за Западен Балкан – ИРЗБ (WBIF) и Планот за раст на Западен Балкан на ЕУ, кои се од клучно значење за реализација на приоритетните проекти на Владата.

Посебен акцент беше ставен на проектите за изградба на железничките коридори 8 и 10, вклучително и на делницата Крива Паланка – Деве Баир, за обнова на железничкиот возен парк, како и проектите поврзани со централното греење и енергетската ефикасност.

Во земјава, ЕБОР досега има одобрено 205 проекти во вкупен износ од 3 милијарди евра, од кои 87% од средствата се наменети за јавниот сектор, а останатите за приватниот сектор. Во моментов, активното портфолио на Банката во земјава изнесува 1.3 милијарди евра.

ЕБОР е најактивната меѓународна финансиска институција во земјата и има најголемо портфолио на тековни јавни проекти, особено во транспортниот сектор.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност