Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерство за финансии: Исплатите на плати и надоместоци се вршат редовно, согласно закон, тврдењата на Левица се неосновани

Министерство за финансии: Исплатите на плати и надоместоци се вршат редовно, согласно закон, тврдењата на Левица се неосновани

5 септември 2025, Скопје - Министерството за финансии категорично ги отфрла дезинформациите што денеска ги пласира Левица.

Исто како и за секој изборен процес, и на почетокот на овој изборен процес Министерството за финансии достави известување до сите буџетски корисници при трошење на буџетски средства во предизборниот период да ги имаат предвид ограничувањата согласно одредбите од Изборниот законик и Законот за буџети.

Во известувањето до буџетските корисници, Министерството за финансии се повикува на член 8-а, став 1, алинеа 2 од Изборниот законик:

„Од денот на донесувањето на одлуката за распишување на изборите до завршувањето на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, како и од денот на донесувањето на одлуката за распишување на изборите па сѐ до завршувањето на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје не може:

-          да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош и други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати односно сите едногодишни трансфери и исплати или еднократни трансфери од буџетски средства или од средства на јавни фондови ниту да се отуѓува државен капитал ниту да се потпишуваат колективни договори“.

Јасно укажуваме: Министерството за финансии нема одбиено налог за исплата на ниту една обврска кон работниците согласно закон, односно, во согласност со Законот за буџети и Изборниот законик, исплатата на плати, додатоци и надоместоци за плата коишто се однесуваат на работа за празник, ноќна работа, работа во недела, прекувремена работа, како и правото за надоместоци на плата за починат член на семејство, теренска работа и сл. се врши редовно.

Затоа, сите тврдења на Левица се неосновани, злонамерни и имаат единствена цел – да шират паника и да манипулираат со јавноста.

На Левица им препорачуваме наместо да создаваат конфузија, конечно да го прочитаат Изборниот законик и Законот за буџети и да се информираат како функционира државниот апарат. Министерството за финансии ќе продолжи со доследно спроведување на законската регулатива и воедно гарантира дека сите права на работниците ќе бидат заштитени.

 

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност