Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска: Внимателно се пристапува кон издавањето на еврообврзницата, постапката е започната, остануваме на планираните проекции

Димитриеска-Кочоска: Внимателно се пристапува кон издавањето на еврообврзницата, постапката е започната, остануваме на планираните проекции

25 септември 2025, Скопје – Министерството за финансии и Владата нема да отстапат од планираните проекции во Фискалната стратегија и Стратегијата за управување со јавниот долг, а најавеното задолжување на меѓународниот пазар преку издавање нова еврообврзница е внимателно испланирано и е во рамки на поставените цели за одржување на стабилноста на јавниот долг, навремено сервисирање на обврските и обезбедување средства за буџетски потреби.

Нашата цел е да излеземе на меѓународниот пазар и да ја издадеме еврообврзницата во најповолен момент. Во таа насока, за време на престојот во САД во октомври на Годишните средби на Светската банка и ММФ имам договорено средби со потенцијални инвеститори. Можам да истакнам дека ова е една од приоритетните активности на Министерството за финансии во моментот“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостувањето на ТВ 21.

Таа додаде дека постапката за издавање на еврообврзницата е веќе започната. Планот е да се излезе на меѓународниот пазар во јануари и тогаш да се издадееврообврзницата.  

„Планирано е да се обезбедат 950 милиони евра преку издавање нова еврообврзница. Од тие средства, 700 милиони евра ќе бидат наменети за рефинансирање на еврообврзницата издадена во 2020 година, додека преостанатите 250 милиони евра ќе бидат искористени за буџетско финансирање, како и секоја година. Поточно, планирано е буџетскиот дефицит да се финансира делумно преку домашниот пазар, а делумно преку надворешно финансирање, односно со издавање еврообврзница“, појасни министерката.

Осврнувајќи се на планираните проекции за нивото на јавниот долг согласно Стратегијата, посочи дека Владата нема намера да ги измени предвидените планови во Фискалната стратегија, но дека треба да се има предвид како ќе се одвиваат работите во наредниот период.

„Заклучно со јуни 2025 година јавниот долг е на ниво од 58,5% од БДП, а најновиот податок што го имаме во Министерството за финансии, заклучно со јули, покажува ниво од 58,7% од БДП. Доколку продолжиме со ваквата динамика и доколку се остварат проекциите за раст на економијата, можно е во 2025 година да не го достигнеме проектираниот јавен долг од 62,1%, туку тој да биде и понизок“, рече Димитриеска-Кочоска.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност