Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 23 јуни ќе престојува во работна посета на Црна Гора, каде што ќе учествува на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за развој на финансии – ЦЕФ.
Во рамките на состанокот, РС Македонија преку Министерството за финансии ќе го преземе едногодишното претседавање со ЦЕФ од Министерството за финансии на Црна Гора.
За време на посетата, министерката Димитриеска-Кочоска ќе се сретне и со министерот за финансии на Црна Гора, Новица Вуковиќ, при што ќе се разговара за зајакнување на билатералната соработка во областа на јавните финансии.
ЦЕФ е регионална организација која обезбедува поддршка за развој на капацитетите во управувањето со јавните финансии, даночната политика и администрација, како и централното банкарство преку обуки, семинари и програми со практична примена. Македонија има долгорочна соработка со оваа институција, особено во рамки на Академијата за јавни финансии преку која успешно се реализираат програми за едукација и унапредување на јавниот сектор.