Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која престојува во работна посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со својот црногорски колега, министерот за финансии Новица Вуковиќ.
Главна тема на средбата беше формалното преземање на претседавањето со Управниот одбор на Центарот за развој на финансии (ЦЕФ) од страна на Министерството за финансии на РС Македонија, што досега го извршуваше Министерството за финансии на Црна Гора.
Министрите разговараа за идните приоритети на ЦЕФ, особено за улогата на институциите во унапредувањето на капацитетите за управување со јавните финансии, како и за значењето на соработката меѓу земјите членки.
Посебно внимание беше посветено на планирањето на буџетот во контекст на фискалните правила на Европската Унија – одржување на буџетскиот дефицит под 3% од БДП и на јавниот долг под 60%.
Министерката Димитриеска-Кочоска ги сподели заложбите на Македонија за почитување на овие критериуми, додека министерот Вуковиќ ги пренесе искуствата на Црна Гора во буџетското планирање и следење на фискалната дисциплина.
Дополнително, тие разговараа и за мерките за намалување на јавниот долг и за борбата против сивата економија. Во тој контекст, беше споменато и усогласувањето на регулативата поврзана со Управата за јавни приходи и Царинската управа со цел подобрување на фискалната транспарентност.
Министрите разменија мислења и за предизвиците поврзани со онлајн купувањата од странство, особено од аспект на царинската и даночната политика, при што беа разменети практични искуства од двете земји.
На крајот, заеднички ја истакнаа
Во прилог Ви испраќаме линк со видео инсерти од средбата.