Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јанкуловски ги претстави еконономските политики и можности за инвестирање во земјата пред делегација на турската фондација „Мармара“

Јанкуловски ги претстави еконономските политики и можности за инвестирање во земјата пред делегација на турската фондација „Мармара“

4 март 2026, Скопје - Заменик министерот за финансии Николчe Јанкуловски оствари средба со претседателот на Фондацијата „Мармара“ од Република Турција, Акан Сувер, придружуван од неговиот тим.

На средбата, заменик-министерот им се заблагодари на гостите за нивниот интерес и континуираната соработка со нашата држава. Тој ги презентираше можностите за инвестирање во земјата, како и поволностите и поддршката што Владата ги нуди за потенцијалните странски инвеститори.

Претседателот на Фондацијата, Сувер, ја поздрави економската насока на Владата и истакна дека таа претставува силен поттик за инвеститорите заинтересирани да го вложат својот капитал во нашата земја.

Во рамки на средбата, претседателот на Фондацијата „Мармара“ му врачи на заменик министерот Јанкуловски и лична покана за учество на овогодинешниот Глобален Евроазиски економски самит, кој веќе три децении се одржува во Истанбул.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност