Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавна конференција на Твининг проектот финансиран од Европската Унија ИПА 2018 „Зајакнување на функциите на буџетско планирање, извршување и внатрешна контрола“

Јавна конференција на Твининг проектот финансиран од Европската Унија ИПА 2018 „Зајакнување на функциите на буџетско планирање, извршување и внатрешна контрола“

На 3 јули 2024 година се одржа јавна завршна конференција на Tвининг проектот финансиран од ЕУ ИПА 2018 „Зајакнување на функциите на буџетско планирање, извршување и внатрешна контрола“ (со почеток во 11:00 во хотел Лимак).

 

Проектот беше имплементиран од Министерството за финансии на Република Северна Македонија, во соработка со партнери од земјите членки од Кралството Холандија, Република Хрватска, Република Бугарија и Република Латвија. Имплементацијата на проектот започна на 1 февруари 2020 година и траеше 54 месеци. Буџетот за реализација на проектот изнесува 3.700.000 евра.

 

Главната цел на проектот е дополнително да се подобрат ефикасноста и ефективноста на јавното трошење преку активности што го поддржуваат спроведувањето на Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии.

 

Опсегот на проектот опфаќа четири главни компоненти во областа на управување и контрола на буџетот, јавна внатрешна финансиска контрола и финансиска инспекција, јавни набавки и борба против измами. Исто така, под покровителство на Проектот, во рамките на Министерството за финансии е основана Академија за јавни финансии со цел да се обезбедат обуки за сите клучни тела во секторот.

 

И покрај кризата предизвикана од Ковид-19 што се случи на самиот почеток од спроведувањето на проектот и сложеноста на самиот проект, постигнати се сите договорени значајни резултати, особено ревизијата и развојот на правната рамка (како што е донесувањето на новиот Закон за буџети од страна на Собранието на РСМ), изготвување/изменување закони и изготвување на релевантни подзаконски акти, спроведување бројни обуки и работилници, организирање студиски посети за вработените од земјата-корисник во неколку земји-членки, како и зајакнување на административните капацитети на клучните чинители (преку одржување работилници, обуки на различни теми, пилот активности во различни институции).

 

Во текот на спроведувањето на проектот беа постигнати следните значајни резултати:

  • Изработени се околу 60 закони/подзаконски акти и методологии;
  • Одржани се над 60 обуки, работилници и дискусии на тркалезни маси;
  • Изготвена е Стратегијата за јавни набавки, како и соодветната методологија согласно Стратегијата;
  • Основана е Академија за јавни финансии во Министерството за финансии;
  • Изготвена е национална програма за сертификација за внатрешни ревизори;
  • Надградена Финансиска инспекција и зајакнати капацитети на истата;
  • Ажурирана е Националната стратегија за борба против измама, додека Мрежата за борба против измами АФКОС е целосно воспоставена;
  • Подобрени системи за јавни набавки и за поднесување жалби;
  • Подобрени капацитети на буџетските корисници на централно и локално ниво во поглед на спроведување на законодавството за управување со јавни финансии и употреба на современи алатки.

Во рамките на постојните капацитети и расположливиот буџет, Проектот беше целосно посветен на спроведување активности и обезбедување поддршка за клучните елементи наведени во Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии.

 

За повеќе информации, ве молиме стапете во контакт со:

Е-пошта: finance@finance.gov.mk

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност