Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МФ: Граѓански обврзници може да се запишат во сите деловни банки во земјата

МФ: Граѓански обврзници може да се запишат во сите деловни банки во земјата

28 ноември 2025, Скопје – Граѓански обврзници од третата емисија, за која  Министерството за финансии веќе го објави проспектот, може да се запишат во сите деловни банки во земјава.

Граѓаните што сакаат да запишат обврзници и да учествуваат на аукцијата тоа можат да го направат во филијалите на банките ширум земјата.

Рокот за запишување обврзници од оваа емисија е до 10 декември 2025 година.

Граѓаните може да запишат минимален износ од 10.000 денари, колку што е износот на една обврзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари. Граѓанските обврзници се со рок на доспевање 2 години, а каматната стапка изнесува 4,5% годишно. Датумот на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година. Каматата за првата година достасува за исплата на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година.

Линк до проспектот: https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/prospekt-aukcija-na-drzavni-xartii-od-vrednost-file-7X1J.pdf 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност