Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МФ: Пласирани над 200 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

 МФ: Пласирани над 200 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

2 декември 2025, Скопје – Министерството за финансии изврши исплата во износ од 785 милиони денари кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.

Станува збор за седмата транша што се префрла од централниот буџет кон Развојната банка, од средствата наменети за поттикнување инвестициски циклус во приватниот сектор, во вкупен износ од околу 300 милиони евра.

Со оваа транша, износот што државата го има инјектирано во домашната економија за поддршка на инвестиции надминува 200 милиони евра. Имено, преку шесте исплатени транши беа пласирани 190,5 милиони евра.

Средствата кои во Буџетот за 2025 година се проектирани на ниво од 250 милиони евра беа обезбедени по поволни услови од Унгарската експорт-импорт банка и, исто така, по поволни услови се пласираат кон крајните корисници, односно домашните компании. Каматната стапка изнесува 1,95% на годишно ниво, рок на отплата до 15 години и грејс-период до 3 години.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност