Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МФ: Исплатени 19,4 милиони евра нова транша за поддршка на домашните компании

МФ: Исплатени 19,4 милиони евра нова транша за поддршка на домашните компании

2 октомври 2025, Скопје – Над 1 милијарда денари нова транша е исплатена кон Развојната банка за поддршка на домашните компании, средства кои Владата ги обезбеди по поволни услови од унгарскиот заем.

Од централниот Буџет кон Развојната банка се исплатени 1,2 милијарди денари, односно 19,4 милиони евра, средства со кои домашните компании ќе реализираат инвестициски проекти, кои претходно беа одобрени од страна на деловните банки.

Вкупната поддршка што е трансферирана од централниот Буџет кон домашната економија изнесува 190,5 милиони евра.  

Во Буџетот за 2025 година проектирани се вкупно 250 милиони евра наменети за поддршка на инвестициски проекти на домашните компании, а кои треба да покренат инвестициски циклус во приватниот сектор од околу 300 милиони евра. Средствата за оваа намена ги обезбеди Владата по поволни услови преку Унгарската експорт-импорт банка.

 

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност