Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на Димитриеска-Кочоска со претставници на Банка на Америка – Континуирана комуникација со меѓународните финансиски институции во насока на поддршка на нашата визија за одржлив економски развој

Средба на Димитриеска-Кочоска со претставници на Банка на Америка – Континуирана комуникација со меѓународните финансиски институции во насока на поддршка на нашата визија за одржлив економски развој

15 септември 2025, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со високи претставници на Банка на Америка. На средбата со Милош Старовиќ, извршен директор и раководител на продажба и структурни решенија за пазарите во развој, Олег Петров, извршен директор за Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка и Амирa Боус-Гардинер, директор за FICC Structuring стана збор за макроекономските показатели, економските движења и реформските процеси што се спроведуваат, со акцент на рефомите во управувањето со јавните финансии.

На средбата, министерката потенцира дека од почетокот на годината има континуитет во позитивните движења на економски план, раст на БДП од 3,4% во вториот квартал, намалување на невработеноста, раст на извозот и сл. и дека овие трендови се проследени и со позитивна реализација на приходите во Буџетот, а истовремено со посветено задржување на курсот на фискалната консолидација.

На средбата беше истакнато дека Владата е во постојана комуникација со меѓународните финансиски и банкарски институции со цел унапредување на пристапот до глобалните финансиски пазари, а во насока на поддршка на реализацијата на реформските процеси и проекти кои ќе придонесат кон одржлив економски раст и развој на земјата.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност