Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска на средба со Копман: Реформската агенда дава конкретни и мерливи резултати

Димитриеска-Кочоска на средба со Копман: Реформската агенда дава конкретни и мерливи резултати

6 мај 2026 година, Скопје- Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Брисел оствари средба со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, на која беше разговарано за спроведувањето на реформите и напредокот во рамки на Реформската агенда 2024–2027.

На средбата беше потенциран досегашниот напредок во реализацијата на реформите, како и динамиката на идните активности. Министерката истакна дека Министерството за финансии ги вложува сите свои капацитети во исполнувањето на обврските, при што е постигнат значителен напредок, и нагласи дека Владата останува целосно посветена на реформскиот процес.

Министерката на состанокот потенцираше дека во делот на јавните финансии се преземаат активности за зајакнување на отчетноста и транспарентноста, при што реформите се дел од поширока трансформација насочена кон приближување на економијата кон единствениот пазар на Европската Унија, зајакнување на институциите и обезбедување конкретни придобивки за граѓаните и бизнисите.

На состанокот беше нагласено дека земјата останува целосно усогласена со Европската Унија на политички, економски и стратешки план.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност