12 септември, Загреб – Делегација на Министерството за финансии предводена од државниот секретар д-р Андриана Матлиоска, во рамки на дводневна работна посета на Република Хрватска, оствари средба со министерот за финансии на Република Хрватска, Марко Приморац.
На средбата се разговараше за зајакнување на соработката на финансиките пазари, со посебен акцент на размена на знаења и искуства кои можат да ја поддржат развојната стратегија на Македонија.
Во рамки на посетата, македонската делегација оствари средби со повеќе институции – Министерството за финансии на Република Хрватска, Загребската берза, Финансиската агенција (ФИНА) и Централниот депозитар за хартии од вредност (СКДД). Главна цел беше запознавање со хрватската пазарна инфраструктура и идентификување модели применливи за развој на ефикасен и транспарентен пазар на капитал во Македонија.
Посебен фокус беше ставен на искуството на Хрватска со вклучување на граѓаните преку издавање државни обврзници – успешен пример за поттикнување на јавна учество на пазарот на капитал.
Следните чекори во соработката ќе опфатат дополнителни работилници и експертска поддршка, со цел развој на модерен и финансиски пазар кој е достапен за граѓаните во Македонија.