Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Успешно спроведена обука на тема: „Програмско буџетирање“

Успешно спроведена обука на тема: „Програмско буџетирање“

18 септември 2025, Скопје- На 16, 17 и 18 септември 2025 година, во Министерството за финансии, успешно се одржа обука на тема: „Програмско буџетирање“, во организација на Секторот Академија за јавни финансии при Министерството за финансии, а со поддршка од Канцеларијата за техничка помош на Министерството за финансии на САД и Секторот за буџет и фондови при Министерството за финансии.

Обуката беше имплементирана од страна на експерти од Канцеларијата за техничка помош на Министерството за финансии на САД, како дел од континуираната поддршка за јакнење на капацитетите на јавните институции во Република Северна Македонија.

Учесници на истата беа вработени од различни институции од јавниот сектор, кои имаа можност да се запознаат со основните принципи, концепти и практична примена на програмското буџетирање, со цел унапредување на процесите на планирање и управување со јавните финансии.

Обуката им овозможи на учесниците да стекнат сеопфатни знаења за основните принципи и концепти на програмското буџетирање, како и за разликите помеѓу програмскиот и традиционалниот пристап на буџетирање. Посебен акцент беше ставен на подготовката и анализата на буџетски програми, воспоставувањето рамка за програмско буџетирање во рамки на институциите, како и идентификување на можности за подобрување на постоечките процеси на буџетирање. Дополнително, обуката овозможи активна дискусија, размена на искуства и добри практики, како и отворање на прашања и дилеми со кои се соочуваат институциите.

Поради пррактичниот пристап, учесниците имаа можност активно да ги произнесат своите мислења ни ставовоин и да придонесат кон успешна реализација на обуката. Министерството за финансии и Академијата за јавни финансии ќе продолжат со организирање на ваков тип на обуки со цел унапредување на знаењата и вештините во областа на јавните финансии.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност