24 ноември 2025, Скопје - Министерството за финансии, со цел зајакнување на финансиската едукација, поттикнување на финансиската вклученост и зголемување на свесноста и заштитата на потрошувачите при користењето финансиски производи и услуги во современите услови на дигитализација во финансискиот сектор, во рамки на Деновите на финансиската писменост од утре до 4 декември 2025 година организира повеќе активности.
Инаку, одбележувањето на Деновите на финансиската писменост се одржува деветта година по ред во организација на финансиските регулаторни институции - Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување, во соработка со приватниот финансиски сектор и граѓанските здруженија.
Вклучените институции, преку своите интернет-страници и профилите на социјалните мрежи, ќе обезбедат информации за активностите и за настаните, како и за начинот на пријавување интерес за учество од граѓаните