Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Обука за внатрешната ревизија како клучен процес во зајакнување на транспарентноста и ефикасноста на институциите

 Обука за внатрешната ревизија како клучен процес во зајакнување на транспарентноста и ефикасноста на институциите

26 ноември 2025, Скопје - Академијата за јавни финансии, при Министерството за финансии сспроведе  обука на тема „Внатрешна ревизија – основно ниво“. Обуката е дел од Годишната програма за обуки на Академијата за 2025 година.

Учесниците на обуката се запознаа со клучните аспекти на законската и регулаторната рамка за внатрешна ревизија,  со основите на внатрешната ревизија, чекорите и постапките за нејзино спроведување, како и со практични примери и студии на случај.

Преку примената на реални студии на случај, учесниците имаа можнос да ги применат стекнатите теоретски знаења во практична работа, додека  интерактивните дискусии дополнително овозможија размена на искуства, споделување практични предизвици и решавање на конкретни прашања од областа.

На обуката присуствуваа учесници вработени во органите на државната управа кои работат во организациски единици за внатрешна ревизија, како и почетници во оваа област.  Преку активно учество на обуката, тие имаа можност да го  унапредредат своето разбирање на внатрешната ревизија како клучен процес во зајакнувањето на транспарентноста и  ефиксноста на јавните институции.

Министерството за финансии преку Академијата за јавни финансии, и понатаму останува посветено да инвестира во континуирано усовршување на професионалните капацитети на вработените во јавниот сектор, следејќи ги современите европски и меѓународни стандарди.

 Академијата има за цел да создаде модерна, компетентна и професионална администрација кој ќе обезбедува квалитетни, навремени и ефикасни услуги за граѓаните и деловната заедница а воедно и да го зајакне нивото на отчетност и доверба во јавниот сектор.

Преку ваквите обуки  Академијата за јавни финансии при Министерството за финансии придонесува кон остварување на визијата за транспарентна и ефикасна државна администрација, подготвена да одговори на предизвиците на модерното општество и да биде поддршка за економскиот развој на Република Северна Македонија.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност