Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јанкуловски на работилница посветена на ревизијата – Ревизијата има централно место во јавните реформи за ефикасни и одговорни институции и отпорност на корупција

Јанкуловски на работилница посветена на ревизијата – Ревизијата има централно место во јавните реформи за ефикасни и одговорни институции и отпорност на корупција

11 ноември 2025, Скопје - Зaменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски денеска учествуваше на TAIEX работилница посветена на дефинирањето на јавните интересни субјекти и унапредувањето на квалитетот на ревизијата каде што ја истакна посветеноста кон институционално зајакнување и усогласување со европските стандарди.

„Ревизијата и јавниот надзор се темел на стабилноста на секој економски систем, притоа создавајќи доверба помеѓу јавната администрација, приватниот сектор и граѓаните. Без професионална и независна ревизија нема стабилни финансии, нема транспарентност ниту кредибилитет на институциите“, нагласи Јанкуловски.

Тој додаде дека Програмата на Владата 2024 2028 ја става ревизијата во центарот на јавните реформи со цел изградба на ефикасен и одговорен јавен сектор, силен систем на финансиски менаџмент и институционална отпорност на корупција и политички влијанија.

Особено ја истакна важноста на прецизното дефинирање на јавните интересни субјекти (PIEs) како клучен чекор во воспоставувањето кредибилен систем на ревизија, во согласност со Европската директива 2014/56/ЕУ и Регулативата 537/2014.

Јанкуловски се заблагодари за поддршката од Европската комисија и инструментот TAIEX, како и од експертите од Hellenic Accounting and Auditing Standards Oversight Board – Грција, кои ја споделуваат својата експертиза во врска со управувањето со ревизорскиот надзор и контрола на квалитет.

„Преку меѓународна соработка, размена на искуства и примена на професионални стандарди можеме да го унапредиме домашниот систем на ревизија и јавен надзор, да ја зајакнеме фискалната отчетност и да ја приближиме нашата земја кон европските стандарди на транспарентност и стабилност“, додаде заменик-министерот.

Заклучоците од работилницата треба да дадат конкретни насоки за финализација на новиот Закон за ревизија, како и за поставување механизми за контрола на квалитетот и институционална одговорност, со крајна цел ревизијата да стане гаранција за доверба и двигател на развојот.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност