Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државниот секретар Матлиоска се сретна со претставници од Канцеларијата за техничка помош при Министерството за финансии на САД: Продолжува соработката за зајакнување на националните капацитети во борбата против економскиот криминал

Државниот секретар Матлиоска се сретна со претставници од Канцеларијата за техничка помош при Министерството за финансии на САД: Продолжува соработката за зајакнување на националните капацитети во борбата против економскиот криминал

18 септември 2025, Скопје - Државниот секретар во Министерството за финансии, Андриана Матлиоска оствари средба со претставници од Канцеларијата за техничка помош при Министерството за финансии на САД.

Претставници на Министерството за финансии на САД беа Рејчел Ф. Ирмен, виш советник во Тимот за економски криминал и Ади „Џек“ де Клујвер, советник – правен експерт за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Целта на средбата беше запознавање на државниот секретар со проектот за зајакнување на националните капацитети за спречување перење пари и финансирање тероризам, како и дискусија за идните активности за надминување на утврдените слабости во насока на реализација на препораките на Комитетот на експерти на Советот на Европа („Манивал“).

Соработката со Канцеларијата за техничка помош (ОТА) при Министерството за финансии на САД предвидува низа активности за подобрување на правната рамка, зајакнување на институционалните капацитети и унапредување на меѓусебната координација во борбата против економскиот криминал во земјава.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност