Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Онлајн обука на Академијата за јавни финансии на тема „Управување со ризици“

Онлајн обука на Академијата за јавни финансии на тема „Управување со ризици“

18 септември 2025, Скопје - Академијата за јавни финансии при Министерството за финансии организираше онлајн обука предвидена во Годишната програма за обука за 2025 година, на тема „Управување со ризици“. Обуката беше наменета за вработени во јавниот сектор кои во своето секојдневно работење се соочуваат со различни типови ризици – финансиски, правни, организациски и оперативни.

Обуката ја спроведоа обучувачи – експерти од областа на управување со ризици, вработени во Секторот за централна хармонизација на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор при Министерството за финансии, кои преку презентации, студии на случај и интерактивен пристап ја пренесоа есенцијалната важност на управувањето со ризиците во јавните институции.

Преку интерактивна онлајн платформа, учесниците имаа можност да се запознаат со клучните принципи и методи за ефикасно управување со ризици, како и со практични алатки за нивна процена и анализа. Посебен акцент беше ставен на новата Методологија за управување со ризици кај јавните субјекти, со детално разгледување на нејзината содржина и практична примена. Целта беше учесниците да стекнат јасно разбирање за начинот на нејзино користење и да се оспособат за правилно управување со ризиците во рамките на своите институции.

Обуката придонесе кон унапредување на капацитетите на вработените во јавниот сектор со цел навремено и ефикасно справување со ризиците, а во насока на подобрување на квалитетот на извршувањето на своите надлежности.

Министерството за финансии, преку Академијата за јавни финансии, останува посветено на континуирана едукација и професионален развој на вработените во јавниот сектор. Во тек е реализација на другите обуки предвидени со Програмата за обуки за 2025 година, како и на специјализирани ад-хок обуки прилагодени на тековните потреби и предизвици во областа на јавните финансии.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност