Обука на тема „Евидентирање обврски“ реализирана од страна на Академијата за јавни финансии
24 септември 2025, Скопје - Министерството за финансии преку Секторот – Академија за јавни финансии организираше обука на тема „Евидентирање обврски“, наменета за вработените во јавниот сектор кои работат во областа на јавните финансии.

Целта на обуката беше учесниците да се запознаат со функционирањето на трезорскиот систем, особено во делот на извршување на барањата за плаќања и правилното евидентирање на преземените обврски кај буџетските корисници. По завршувањето на обуката, учесниците стекнаа знаења за процесите на плаќање, како и за навременото и точно евидентирање на обврските во јавниот сектор.
Преку интерактивни сесии, учесниците имаа можност директно да стекнат знаења од експертите на Министерството за финансии од Секторот за трезор, како и да разменат искуства и да дискутираат за конкретни ситуации и предизвици од нивното секојдневно работење. Овој пристап овозможи подлабоко разбирање и доследна примена на законските одредби во практиката.
Министерството за финансии останува посветено на градењето современа и стручна јавна администрација. Преку Секторот - Академија за јавни финансии се обезбедува континуирана професионална надградба на кадарот на сите нивоа на власт, со крајна цел одговорно, транспарентно и ефикасно управување со јавните финансии.