Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јанкуловски на одбележувањето 65 години од основањето на Економскиот факултет – Прилеп - Шест и пол децении исполнети со образование, наука и создавање генерации економисти и лидери кои оставија силен белег во развојот на државата

Јанкуловски на одбележувањето 65 години од основањето на Економскиот факултет – Прилеп - Шест и пол децении исполнети со образование, наука и создавање генерации економисти и лидери кои оставија силен белег во развојот на државата

19 септември 2025, Скопје – Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски присуствуваше на одбележувањето на 65-годишнината од основањето на Економскиот факултет – Прилеп. Во пригодното обраќање по тој повод, заменик-министерот го истакна значењето на Економскиот факултет како еден од столбовите на економската мисла во земјата.

„Од овие клупи произлегуваат кадри кои секојдневно даваат придонес во Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Царинската управа, Народната банка и други институции. Истовремено, голем број дипломирани економисти од овој факултет се носители на развојот и во приватниот сектор – како претприемачи, менаџери и финансиски експерти во водечките компании. Вашата мисија е од национално значење – да создавате генерации подготвени за современите економски предизвици“, нагласи Јанкуловски.


На свеченоста се обратија деканката проф. д-р 
Драгица Оџаклиеска, која ја истакна мисијата на Факултетот во градењето стручни кадри со современи знаења, ректорот проф. д-р Игор Неделковски, кој ја нагласи важноста на Економскиот факултет како дел од Универзитетот Св. Климент Охридски - Битола и неговата улога во унапредувањето на високото образование и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, кој посочи на придонесот на Факултетот во локалниот развој и во создавањето економски силни општини.

Јубилејот е потврда дека
Факултетот успешно ги спојува традицијата и модерните текови во образованието, притоа оставајќи силна трага во јавниот и приватниот сектор и градејќи визија за иднината.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност