12 декември 2025, Скопје – Родовото одговорно буџетирање беше тема на панел-дискусијата на конференцијата на тема „Родовата еднаквост во фокусот на пристапувањето кон ЕУ“, на која учествуваше заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.
„За да ги зајакнеме системите за родова еднаквост неопходно е родовото одговорно буџетирање да се интегрира во секое министерство и општина, да се адресираат финансиските и административните пречки и да се осигураме дека средствата наменети за родова еднаквост се транспарентно следени и ефективно искористени“, порача Јанкуловски.
Тој оцени дека координираната институционална соработка и јасното следење на резултатите се неопходни за поефикасни политики и реални подобрувања во родовата еднаквост.
На панел-дискусијата беше истакната улогата на родовото одговорно буџетирање како клучна алатка за интегрирање на родовата перспектива во јавните политики, за надминување на финансиските и административните пречки и за јакнење на транспарентноста и отчетноста во користењето на јавните средства.