Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината обврските ќе бидат исплатени

Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината обврските ќе бидат исплатени

20 декември 2025, Скопје – Трезорот во состав на Министерството за финансии функционира редовно и врши исплати, а така ќе продолжи до 31 декември 2025 година како и другите институции. До крајот на годината ќе бидат реализирани сите преземени обврски од страна на државата. Нашата цел е целосно да се реализираат и приходите и расходите во Буџетот согласно планираното, а буџетскиот дефицит да се задржи на планираното ниво.

Ова го истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во гостувањето на ТВ 21 каде што потенцираше дека исплатите се вршат непречено, поточно редовно се исплаќаат плати, социјални надоместоци, К-15, блок-дотации кон општините и други тековни трошоци.

Трезорот, како составен дел од Министерството за финансии, работи и ќе продолжи да работи најнормално, како и сите институции, до 31 декември 2025 година. Со начинот на кој сега функционира Трезорот и со навремените исплати јасно покажавме дека нема никаков застој. Редовно се исплаќаат социјалните надоместоци, К-15, обврските преземени во соработка со надлежните агенции, блок-дотациите кон општините, како и платите и другите тековни трошоциСекоја обврска што ќе биде евидентирана и прифатена за плаќање ќе може да се исплати заклучно со 31 декември“, рече заменик-министерот.

Тој појасни дека информацијата што Министерството за финансии ја достави до буџетските корисници и институциите во државата за доставување на налозите до 15 декември беше исклучиво од организациски аспект.

Целта беше до 15 декември да ги достават налозите за плаќање, за да може Трезорот навремено, до крајот на годината, да ги испланира сите расходни ставки и да ги обезбеди потребните информации поврзани со останатите фискални параметри. Сè друго, приказните за затворање на Трезорот, дека нема да има пари или дека ќе настане финансиски застој беше пласирано од страна на опозицијата“, наведе Јанкуловски и дополни дека најголемиот дел од институциите целосно го почитувале рокот и навремено ги доставиле налозите.

Заменик-министерот потенцира дека секоја обврска што ќе биде евидентирана и прифатена за плаќање ќе може да се исплати заклучно со 31 декември и дека за тоа до крајот на годината ќе бидат обезбедени потребните средства.

Даночниот календар е добро познат и очекуваме дополнителни приливи до крајот на месецот по основ на данок на добивка, данок на додадена вредност, кој доспева на 25 декември, како и по основ на социјалните придонеси коишто се уплатуваат на крајот на месецот. Имајќи предвид дека значителен дел од компаниите во овој период исплаќаат бонуси и регреси за вработените, нашите очекувања се дека планираните приходи во најголем дел ќе бидат реализирани“, рече заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност